Efe1

Efe2

Нашата фирма ЕКО КЛУБ од Битола-Македонија има долгогодишна соработка со фирмата EFE - Турција. Преку нашата фирма можите да остварите контакт и извршите порачка на гореспоменатите производи на EFE како претставник на EFE во Македонија и Србија и Црна Гора.

EFE Endüstri ve Ticaret A.Ş. (www.efe.com.tr) е основана 1974 година какоEFE Tarım A.Ş. Фирмата EFE го одржува производството во својата фабрика која е сместена на вкупна површина од 55.000 м2 (од кои 17500 м е покриена), во Кемалпаша во Измир, како членка на Мерт групата.Покрај централата во Измир, постојат и регионални претставништва во поголемите градови во Турција- Анкара, Истанбул, Адана, а постои и авторизиран претставник и во Газиантеп. Оваа компанија произведува квалитетна комунална опрема, а посебно успешно изработува надградби на разни типови и капацитети и врши нивна монтажа на соодветни возила по желба на нарачателот.  Покрај разните надградби, се произведуваат полуприколки и опрема за специфична намена.

fabrika

Распонот на производството може да се подели во две групи-Комунална и Градежна опрема.

            Во групата на комунална опрема се хидрауличниот контејнер за отпад како главен производ, со капацитет на производство од 600 единици годишно.  Во производството му даваме голема важност на материјалот кој го вградуваме.  Се употребува челик од типотHARDOX 400 за посебна намена,аST 5080востандардна намена посебно кај ерозивни површини, така да се продолжува векот на опремата.

 

efe-otpad 

Возило за одвоз на отпад

 

efe-liebherr  

Liebherr  бетономешалка

Во групата на бетонска и градежна опрема,EFEпроизведува бетономешалки, и бетонски постројки и тоа како лиценциран производител наLiebherrод1987.

Сите постројки и бетономешалки произведени од 1987 се произведени према стандардите во Германија. Покрај ова ние сме претставник и на Sauerво Турција.

EFEима лиценца да произведува локалноLiebherr производи. Се употребуваат истите делови кои оригинално се произведуваат во Германија, а ги произведуваме производите кои се достапни за произвдоство во Турција според оригиналот со истиот квалитет.Поради се ова не постои разлика во квалитетот на производите од Германија и оние што се произведуваат во Турција.Liebherго потврдува тоа со EFE-Liebherr логото поставено на производите.

 

efe-cisterna

Цистерна за вода

 

efe-kanalizacija

Возило за пробивање на канализација и чистење на септички јами

Други производи во оваа група се-кипери, ниски полуприколки, кипери полуприколки, цистерни за вода, цистерни полуприколки и носачи на цемент.
Од воена опрема произведуваме ниско носечки приколки за превоз на тенкови, а исто така исполнуваме и други нарачки и побарувања на армијата.

Во 2002 година,  EFE вложи инвестиции во обновување и зголемување на капацитето и  тоа: модернизирање на опремата за пескарење, постројка за бојадисување на производите, и купување на нови машини за обработка на челик.

ЕФЕ во соработка со Мерцедес во 2002 година добија тендер на министерството за одбрана за 78 нисконосечки полуприколки. Оваа година се испорачаа 21,а цела испорака ќе се реализира во рок од 3 години. Исто така во соработка со Мерцедес се доби и се реализира тендер на DSI (Владин ресор за раководење со водните ресурси) за 30 нисконосечки полуприколки кои сите ќе бидат испорачани оваа година.

 

efe-podigac

Подигач

 

efe-odvoz

Возило за одвоз на отпад

Во производството на бетонски постројки и мешалки најголем удел има Liebherr. Останати пнеуматски делови како цилиндри, пумпи и ткн. се целосно производи на Мерт.Покрај локално производство Мерт увезува и производи од надвор.Локалните производи се нудат исто како и странските,бидејќи се совпаѓаат со квалитетот.

Хидрауличните делови на EFE опремата како хидраулични цилиндри се произведуваат во EFE. За специфична опрема овие хидраулични цилиндри се произведуваат во MAG. Како пример ,MAG пред скоро време произведе хидраулични цилиндри за посебен вид на подигач. EFE директно ги увезува хидрауличните пумпи и контролни вентили за сопствената опрема.

 

efe-podigac

Подигач со кука

 

efe-kiper

Кипер

80% од производите кои се произведуваат се по нарачка, но некои од производите, како хидрауличниот контејнер за отпад се произведуваат како компоненти за во магацин и се спремни за кога ќе се појави нарачка.

Добивајќи го сертификатот за квалитет ISO 9002 од TUV ние го докажуваме квалитетот на нашето производство. На краток рок, не постојат дефинитивни планови . но се работи на проекти за презентирање на нова опрема на турскиот пазар. Како пример,пред скоро време се развиваше проект за опрема која истовремено ќе ги празни кантите и потоа ќе ги чисти. Но проектот не се оствари затоа што на општините им беше скап. Ние му даваме важност на развојот на нашите производи и достигнувањето  на стандардите за висок квалитет. Цел на ЕФЕ е да ги развие надворешните врски и да го зголеми извозот за најмалку 50%.

 

efe-kompaktor

Хидрауличен компактор за отпад

© 2009 Еко Клуб ДООЕЛ, сите права задржани.